На настанот во Виена беа претставени долгоочекуваниот паметен телефон HUAWEI nova 9, новиот паметен часовник Huawei Watch GT 3 и лимитираното издание на Huawei FreeBuds Lipstick
На голем настан во Виена на 21 октомври, Huawei го претстави долгоочекуваниот паметен телефон – nova 9, кој ќе го израдува секој љубител на фотографијата и стилскиот дизајн. Покрај него, на настанот беа претставени и новиот паметен часовник Huawei Watch GT 3 и лимитираното, лајфстајл издание на безжичните слушалки Huawei FreeBuds Lipstick. Од официјалната сцена, Дерек Ју, претседател за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција на Huawei Consumer Business Group, исто така, се осврна и на деловните резултати на компанијата. Според прогнозите, добрите резултати постигнати од HUAWEI во 2020 година се очекува да се повторат и оваа година. Досега, компанијата оствари приход од 43 милијарди евра, со нето профитна маржа од 9,8%, а приходите на Consumer Business Group достигнаа 18.2 милијарди евра.
Секоја година, Huawei инвестира повеќе од 10% од своите приходи од продажба во истражување и развој. Во текот на изминатите десет години, инвестициите за R&D надминаа 96 милијарди евра. Континуираниот раст на компанијата ја гарантира нејзината силна позиција на пазарот. Според рангирањето Fortune 500, Huawei е на 44-то место во август 2021 година, што претставува зголемување со поместување на 5 позиции напред во споредба со 2020 година. Исто така, компанијата постојано ја развива својата мрежа на физички продавници. Доказ за тоа е новоотворената продавница во Виена, Австрија, отворена на 20 октомври, комбинирајќи ги силните страни на компанијата – дизајн и модерна технологија.
„Континуираниот раст е важен за компанијата“, вели Дерек Ју. „Ние постојано се стремиме да ги најдеме и развиваме најдобрите решенија за да ги интегрираме во нашите производи и да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти. Исто така, имајќи ги предвид истите, отвораме нови продавници, кои не само што се доказ за нашата континуирана инвестиција, туку и овозможуваат поблизок контакт со брендот. До крајот на 2020 година, Huawei имаше скоро 60.000 продавници и дисплеи во малопродажба низ целиот свет, вклучувајќи повеќе од 5.000 физички продавници, и ние продолжуваме да растеме.“
Препознавање на добрите уреди
Успехот на производите на HUAWEI се потврдува не само со позитивниот фидбек на потрошувачите, туку и со наградите што ги добива компанијата. Серијата Huawei Watch 3 и слушалките Huawei FreeBuds 4, кои беа претставени во септември, добија признание од многу медиуми и беа наградени со повеќе од 35 награди, повеќето од нив во категоријата Top Choice.
Huawei nova 9 – смартфон како за тебе
Иновациите се во срцето на HUAWEI nova серијата. Од својата премиера во 2016 година, оваа светски позната серија секогаш вклучуваше некои од најдобрите технологии што HUAWEI ги нуди. Во текот на последните пет години, серијата nova беше континуирано подобрена, и како резултат на тоа, најновото дополнување дебитираше со голем број водечки фотографски технологии како што се филтерот за боја RYYB (CFA) и XD Fusion Engine. Nova 9 вклучува и закривен дисплеј од 120Hz кој ги зачувува вистинските бои, моќен процесор, одличен век на траење на батеријата и големи брзини при полнење со 66W Huawei SuperCharge. Сите овие карактеристики го прават nova 9 совршен паметен телефон за модерните корисници со зафатен распоред и дневни обврски. Ова е паметен телефон создаден за вас – динамичен и стилски.
Овековечи го секој момент, дури и навечер
Во однос на модерниот ритам на живот, Huawei создаде паметен телефон на кој може да се потпрете во секое време од денот или ноќта. Новиот смартфон е опремен со Ultra Vision систем кој вклучува RYYB Ultra Vision главна камера од 50 мегапиксели со сензор од 1/1,56 инчи што обезбедува висока чувствителност на светлина за снимање висококвалитетни фотографии, камера со ултра-широк агол од 8 мегапиксели, 2MP камера за длабочина, 4cm макро камера и 32MP предна камера со голем сензор од 1/2,8-инчи. Сега можете да правите фотографии со висока резолуција во секое време од денот. Дополнително на ова, го има и единствениот HUAWEI Super Night Selfie алгоритам и Night Portrait Mode, кои го намалуваат дигиталниот шум на фотографиите и ја реконструираат позадината за да имате совршена ноќна фотографија. Без разлика дали станува збор за ноќен пејзаж или ноќни портрети, сликите се светли, но не се премногу експонирани и вклучуваат детали скриени во потемните области на сликата. HUAWEI nova 9, исто така, поддржува Full-Path P3 управување со бои, покривајќи го целиот фотографски процес од камера до кодирање, складирање и прикажување, за да можете да го снимите токму она што го гледате.
Huawei nova 9 работи исто толку добро кога снима видеа ноќе, како и при фотографирање. Со Extreme Night Shoot и Night Selfie Video, можете да снимате во темни услови со предната и задната камера во 4K резолуција. Благодарение на AIS Video Stabilization технологијата, и на предната и на главната камера, не треба да се грижите за треперењето на рацете. Главната камера на HUAWEI nova 9, исто така, поддржува снимање видео со Slow-Motion и Time-lapse, обезбедувајќи забавни и интересни опции за оние кои креираат сопствени видеа.
Паметен телефон што одговара на вашиот стил
Уредите што нѐ придружуваат деноноќно стануваат додатоци што исто така нѐ одликуваат – нашиот стил, вкус и личност. Huawei nova со својот ултра-тенок и ултра-лесен дизајн, во две бои – Starry Blue и Black, е стилски додаток кој ќе ви помогне да го искажете својот стил. Предниот и задниот дел од телото се малку закривени, што го прави потенок и поудобен. Изразено во бројки, доаѓа со дебелина од само 7,77 мм и тежи приближно 175 гр.
Нема повеќе промени на плановите поради празната батерија
Целта на Huawei nova 9 е да бидете сигурни дека батеријата ќе биде во чекор со вашиот животен ритам. Независни сте и батеријата на паметниот телефон не треба да ве ограничува. Huawei nova 9 има батерија со капацитет од 4300mAh, за што се потребни само 38 минути за целосно полнење. Повеќе не треба да се грижите за празната батерија!
Нови инспирации за забава
6,57-инчниот Huawei nova 9 со дисплеј што пренесува 1,07 милијарди бои поддржува до 120Hz стапка на освежување, 300Hz стапка на земање примероци на допир и P3 опсег на бои за да создаде волшебно, визуелно искуство исполнето со детали. Huawei nova 9 обезбедува брзи, лесни и моќни перформанси, како и одлично корисничко искуство за време на секојдневните задачи или забава, благодарение на мобилната платформа Snapdragon 778G 4G, покрај подобрениот систем за ладење на Huawei и AI технологијата.
Мобилниот екосистем на Huawei има неверојатен раст
HMS екосистемот постигна брз раст низ целиот свет со повеќе од 141,000 апликации интегрирани со HMS Core, сопствената оперативна платформа на Huawei. (до 30 јуни 2021)
Huawei Device има над 730 милиони активни корисници месечно, додека HMS има над 580 милиони и Huawei ID има повеќе од 390 милиони.
Повеќе од 4,5 милиони програмери се веќе регистрирани во HMS
AppGallery веќе е цврсто поставена како трета најголема платформа за дистрибуција на апликации во светот со 560 милиони месечни активни корисници ширум светот и 29% годишен раст надвор од Кина, а нејзините апликации се преземени вкупно 384.4 милијарди пати во 2020 година. Бројот на апликации понудени во AppGallery во 2020 година, надвор од Кина, е 10 пати зголемен во однос на 2019 година.
“Со нашите мобилни игри и развиени партнерства, инспирираме и забавуваме милијарди луѓе низ целиот свет. Одлично е да се има партнер како Huawei кој ја дели нашата мисија”, рече Борут Вовк, директор за стратешки партнерства и главен продуцент на игри во Outfit7, компанија за мобилни игри, познати по франшизата Talking Tom & Friends.
Во изминатите 2 години, Huawei напорно работи на развиениот и сеопфатен екосистем, каде корисниците можат да бидат сигурни дека ќе ги најдат и преземат своите омилени апликации преку AppGallery и Petal Search.
Huawei Watch GT 3 – во чекор со вашиот стил
Меѓу големите новости од настанот е проширувањето на семејството на паметни часовници со два нови модели од серијата Huawei Watch GT 3. Достапни во две различни големини – 46 мм и 42 мм – часовниците се комбинација на безвременска елеганција и најнови технологии. Двата уреди се изработени од висококвалитетни материјали, со уникатен, но сепак класичен дизајн кој лесно може да се прилагоди за да го одразува индивидуалниот стил на корисникот само со промена на ремените. Двете верзии на Huawei Watch GT 3 нудат над 100 режими за тренинг, имаат вграден планер, подобрена геолокација за точно следење при трчање и на отчукувањата на срцето.
Покрај тоа, Huawei Watch GT 3 е опремен со подобрен целодневен SpO2 мониторинг, следење на спиењето, Bluetooth повици и е компатибилен со уреди со Android и iOS. Huawei Watch GT 3 има моќна батерија која трае 14 дена на часовникот од 46 мм и 7 дена на часовникот од 42 мм, што го прави сигурен и високо-ефикасен секојдневен асистент.
FreeBuds Lipstick – убавината на звукот
За крај, меѓу производите што HUAWEI ги претстави на настанот во Виена беа FreeBuds Lipstick. Овие исклучително стилски, навистина елегантни слушалки, во ограничено издание, совршено го комбинираат премиум дизајнот со јасен звук и висока резолуција.
Новиот уред се одликува со уникатна футрола, која наликува на кармин, изработена од високо квалитетен нерѓосувачки челик. Во внатрешноста, ќе ги најдете елегантните, ултра-лесни слушалки во црвена боја.
FreeBuds Lipstick се компатибилни со секој паметен телефон што работи на Android или iOS и поддржува двојна конекција за беспрекорно префрлување помеѓу уредите.