Ниту една друга вселенска мисија во историјата не лансирала на толку различни дестинации во независни орбити околу нашето Сонце.
Временските капсули за кои се смета дека се таму од раѓањето на нашиот Сончев Систем пред повеќе од 4 милијарди години, Јупитеровите Тројанци – како што се нарекуваат овие астероиди – се остатоци од исконскиот материјал што ги формирал планетите.
Тројанците орбитираат околу Сонцето во две групи – групирани околу две Лагранж точки на стабилност кои се подеднакво оддалечени од Сонцето и Јупитер. Тројанците се во гравитациониот баланс на Сонцето и неговата најголема планета. Овие примитивни тела имаат витални знаци за дешифрирање на историјата на Сончевиот Систем.
Lucy ќе биде првата вселенска мисија која ќе ги проучува Тројанците. Мисијата е именувана по фосилизираниот човечки предок (по име Луси) чиј скелет обезбеди уникатен увид во еволуцијата на човештвото.
Слично на тоа, мисијата Lucy ќе донесе нови сознанија за потеклото на планетите и формирањето на Сончевиот Систем.
Лансирањето на Lucy беше на 16 октомври годинава, а со засилување на Земјината тежа, ќе остане таму 12 години, за време на кое ќе замине до осум различни астероиди од главниот астероиден појас и седум Тројанци. За време на ова сложено патување, Lucy ќе ги посети двете јата Тројанци и ќе даде прв поглед одблизу на сите три главни типа на тела во ројот (т.н. C-, P- и D-типови).
Ниту една друга вселенска мисија во историјата не е лансирана на толку различни дестинации во независни орбити околу нашето Сонце. Lucy за прв пат ќе ни ја покаже разновидноста на исконските тела што ги изградиле планетите.
Извор: Klix.ba