Меѓу многуте функции што ги тестираше и објави годинава, Twitter сега им нуди на корисниците подобра контрола врз тоа кој го следи нивниот профил без да преземе драстични чекори или да привлече несакано внимание. Отсега сите корисници имаат пристап до „soft block” функцијата, која компанијата почна да ја тестира минатиот месец.
Твитер во голема мерка е јавна платформа; иако корисниците можат да ги постават своите профили како приватни, ова во голема мерка го ограничува бројот на луѓе што ќе ја видат нивната содржина. Оставањето јавен профил, од друга страна, дозволува секој да ја гледа содржината, а единствениот начин да се спречи тоа е да се користи алатката за блокирање.
Блокирањето е драстичен чекор што потенцијално може да предизвика драма или други проблеми, бидејќи лицето што е блокирано брзо ќе сфати што се случило. Twitter сега воведе нова опција наречена “soft block”, која им овозможува на корисниците тивко да ги отстрануваат следбениците. Опцијата е достапна на веб.
Следбениците кои се отстранети од профилот нема да бидат известени, иако на крајот можеби ќе забележат дека повеќе не ги гледаат твитови од профилот од која се блокирани во својот news feed. Ова тивко отстранување му овозможува на блокираното лице да продолжи да ги чита вашите твитови, но ќе мора секој пат да го посети вашиот профил или или повторно да го заследи.