Мобилната мрежа на италијанскиот телекомуникациски оператор TIM е рангирана како најбрза 5G мрежа во Европа од истражувачката компанија Opensignal.
Најновиот извештај на Opensignal го позиционираше TIM на првото место во Европаспоред брзините на преземање на 5G мобилната мрежа. Операторот TIM се наоѓа и меѓупрвите 30 во светот по искачувањето од 4G на 5G во download и upload брзините и корисничкото искуство при гледањето видеа и играњето видео игри.
Резултатите се базираат на независната анализа на мерења извршени од 1. јануари до 29.јуни 2021 година. Истражувањето го анализираше корисничкото искуство на мобилнитемрежи на водечките светски оператори и откри дека клиентите на TIM постигнале 5G брзини на преземање од 296,5 Mbps, што е над 1000 проценти повеќе од брзините напреземање на 4G мрежите.
Во извештајот се истакнува дека FarEasTone беше единствениот глобален победник во 5G брзини на преземање со просечна брзина од 447,8 Mbps за корисниците во Тајван.
Портпаролот на компанијата Opensignal изјави: „Честопати се смета дека 5G го води Азија, но голем број европски оператори се меѓу лидерите во првиот извештај на Opensignal за5G глобалните награди. Значајно е дека корисниците на TIM забележаа највисокапросечна 5G брзина на преземање во Европа со 296,5 Mbps, но немаше други европскиоператори меѓу водечките во 5G брзините на преземање: 50 проценти од најдобритеоператори според 5G брзината се во азиско–пацифичкиот регион, а само 27 отсто сеевропски“.
Останатите европски оператори беа препознаени како „глобални лидери“ во 5G, а станувазбор за Sunrise во Швајцарија, Vodafone во Шпанија и Orange во Франција. Споредизвештајот, TIM и Vodafone Шпанија се единствените европски оператори кои забележалеподобрување од над 1000 проценти.
Ова доаѓа како спротивност на резултатите од минатата година, кога Opensignal објавидека италијанските корисници на 4G мрежата забележале значително намалување набрзините на преземање, како резултат на заострувањето на ограничувањата за Ковид-19. Во тоа време, истражувачката компанија забележа дека италијанските корисници напаметни телефони искусиле значително помали 4G брзини на преземање во текот напоголемиот дел од денот во споредба со претходните пет недели.
TIM соопшти дека признанието од Opensignal ја потенцира неговата заложба за развој науште подобри и побрзи фиксни и мобилни мрежни конекции и одлично корисничкоискуство.