Дронови почнале да се користат за доставување пошта на оддалечениот остров Оркни, јавува BBC.

Се работи за голем дрон со два мотори, кој пренесува пошта помеѓу Кирквал и Северен Роналдеј. Дронот може да понесе товар тежок до 100 км, неговиот досег изнесува 48 км, а може да достигне брзина до 145 км/ч.

Кога поштата ќе стигне до Северен Роналдеј, заедница во која живеат околу 70 луѓе, таа се разнесува на вообичаен начин, односно работата ја презема вработен во локалната пошта.

Дроновите можат да летаат во лоши услови, вклучувајќи и магла, а за разлика од чамците, немаат проблеми со плимата.

Ако тестниот период кој го спроведува компанијата Windracers Ltd биде успешен, Royal Mail поштата ќе размисли за проширување на услугата и до останатите оддалечени делови на Велика Британија.

Тестирањето е дел од проектот под името Sustainable Aviation Test Environment (Sate), кој е базиран на аеродромот Кирквол.

Тестниот период почна во понеделник и ќе трае до 15. октомври.