Harmony OS на Huawei сега се наоѓи на повеќе од 120 милиони уреди, според наводите на Хе Ганг (Huawei COO).
Прифаќањето на оперативниот систем наводно ги надминува очекувањата на Huawei, а компанијата сега ја зголеми целта од 300 на 400 милиони уреди до крајот на 2022. година.
HarmonyOS ќе цели и на многу постарите Huawei и Honor уреди.
Во меѓувреме, HarmonyOS 2 интерната бета е сега достапна за 10 нови уреди: Huawei P10, P10 Plus, Mate 9, Mate 9 Pro, Mate 9 Porsche Design, Nova 3, Enjoy 9 Plus, M5 10.8 инчи, M5 Pro 10.8 инчи и M5 8.4 инчи.
Како и кај поголемиот дел од ажурирањата, Huawei има неколку предупредувања. Се сугерира дека некои апликации нема да работат под HarmonyOS, а уредите кои учествуваат во бета верзијата на новиот фирмвер можат да се пронајдат во секцијата Settings > System > Software Update.