Google во минатото имаше во понудата свои таблет уреди – најпрвин од Nexus линијата, по која следуваа Pixel C и Pixel Slate. Меѓутоа, во последно време од компанијата не слушнавме информации за нови таблети.
Сега сајтот LetsGoDigital откри пријава за патент која Google ја поднел во 2019. година, а неодамна ја објави Japan Patent Office. Се работи за патент за таблет кој има екран од раб до раб, со голема правоаголан секција на задната страна.
Она што е интересно кај овој патент е што таблетот нема видливи засеци и отвори од предната страна за камерите. Дизајнерот Џузепе Спинели креираше рендери како би можел да изгледа уредот. Таблетот има прилично футуристички дзаијн, но доста потсетува и на Pixel серијата.
Не е познато дали пријавата за патентот е поднесена само за да се заштитат дизајнот и интересите на Google, или претставува најава за она што можеме да го очекуваме од компанијата во иднина.