Коронавирусот влијаел на најголемото намалување на просекот на животниот век во Европа и во САД уште од Втората светска војна, покажало ново-објавеното истражување од Универзитетот Оксфорд. Тоа е воедно одговор и за сите оние кои не веруваат во смртноста на Ковид-19.
Никогаш светот не покажувал поголем пад на надежта за долгиот живот во овој милениум. Резултатите објавени Меѓународниот журнал за епидемиологија покажуваат дека во голем дел од испитаните земји просечниот животен век се намалил. Истражувањето е направено во 27 држави членки на ЕУ, САД и Чиле, пренесува Bloomberg.
Освен Данска и Норвешка, сите забележале пад. Најтешко е во САД, каде за една година просечниот животен век опаднал за дури 2,23 години за мажите и 1,65 години за жените. Следат Литванија, Бугарија и Полска со 1,5 години. Во Франција, кај жените просечниот животен век се намалил за 0,67 години, а кај мажите за 0,6 проценти. Во оваа земја, во 2019-та година, жените можеле да се надеваат дека ќе доживеат 85,4 години, а во 2020-та година – 84,94. Мажите од 79,82 паднале на 79,15.
Кај жените во осум земји и кај мажите во 11, се живее помалку за повеќе од една година. За да се врати таа година, потребно е да минат уште пет или шест години.
Според официјалните податоци на “Worldmeters”, од короновирус досега, од почетокот на пандемијата, починале 4.772.049 луѓе во светот, додека неофицијално се смета дека има дури два до три пати повеќе.