Microsoft најави неколку нови функции за Skype, кои планира да ги понуди во рамките услугата во наредните месеци. Skype постои веќе долго време и неколку пари беше освежен за да биде во тек со технологиите; овие ажурирања во голема мерка се базираат на тоа сервисот да остане релевантен во ерата на Zoom. Microsoft во моментов работи на функциите наведени подолу, но не е објавен датумот на нивната достапност.
Најзабележителната промена во претстојните ажурирања ќе биде новата фаза на повиците. Ажурираната верзија ќе изгледа добро без оглед на темата која се користи. Video feed каналот е исто така редизајниран за да делува поприродно. Корисниците, меѓу останатите учесници, ќе го видат својот feed за сите да се чувствуваат пoповрзани.
За корисниците кои повеќе сакаат да бидат во “audio-only” мод, претстојните ажурирања ќе бидат добри. Ќе постои опција за намалување на бројот на учесниците кои го користат само звукот, а тука е и изборот на прилагодливи позадини за аудио повикувачите, за да ги направат попривлечни за другите.
Покрај освежената фаза на повиците, Microsoft го модернизираше и остатокот од Skype. Заглавието на разговорот има нов изглед со клучни градиенти и групни аватари, иконите низ целата апликација користат течен дизајн, а новите теми го прават Skype клиентот поживописен.
Microsoft објави и дека ќе ја подобри поддршката за Skype во сите веб-прелистувачи, така што корисниците ќе можат да имаат одлично искуство без разлика каков софтвер користат (освен ако не користите Firefox, кој моментно не е поддржан и Microsoft планира да додаде поддршка во иднина).
На крајот, две нови функции што доаѓаат на Skype се TwinCam што овозможува да го користите телефонот кој работи како втора камера за време на видео повик и PSTN преведувач што ви овозможува да комуницирате со оние што зборуваат друг јазик за време на аудио или видео повик. Како што споменавме порано, Microsoft не наведен конкретни датуми на објавува за секоја од овие функции, но тоа се очекува наскоро.
Поврзани артикли