Првично се очекуваше дека Samsung ќе го претстави својот достапен премиум Galaxy S21 FE смартфон во текот на Unpacked настанот во август, но таа најава потоа беше одложена за октомври.

Сепак, најновите извештаи од Јужна Кореја сугерираат дека ниту оваа објава нема да се случи, односно јужнокорејската компанија целосно го откажа излегувањето на моделот Galaxy S21 FE. Како причина е дадена импресивната продажба на Galaxy Z Flip3 теелфонот, како и недостатокот на чипови, кои во голема мерка влијаат на пазарот на смартфони оваа година.

Samsung подготвуваше Unpacked настан за октомври, но претставник на компанијата потврди дека сепак нема да се одржи, а тимот размислува дали воопшто да го лансира S21 FE. Galaxy Z Flip3 во овој момент веќе добро се продава, и се работи за модел со Snapdragon 888 чипсет, кој исто така треба да работи со Galaxy S21 FE.

Ситуацијата на пазарот на чипови го принудува Самсунг да донесе тешка одлука за тоа на кој уред ќе му даде предност – флексибилен/преклопен телефон кој има одлични карактеристики и ги имплементира можностите на компанијата во технологиите за мобилни телефони, или телефон кој е лидер во понудата најдобра вредност за вложените пари во Galaxy S21 линијата.