Производителите на паметни телефони за заштита на екраните на своите уреди најчесто користат хемиски зајакнато стакло “Gorilla Glass”.
Тоа наскоро би можело да се промени со оглед на тоа што една американска компанија планира до 2019 година да понуди дијамантско стакло за мобилни уреди на пазарот.
Компанијата “Akhan Semiconductor” работи на развој на технологија за изработка на дијамантски стакла за мобилни телефони која засекогаш би можела да стави крај на кршењето на екраните.
Дијамантите се одлични полуспроводници кои добро ја пренесуваат топлината и имаат голема цврстина. На развојот на дијамантските стакла, оваа компанија работи повеќе од една година. Иако првиот прототип веќе би требало да биде претставен, рокот е закажан за 2019 година бидејќи тестирањата во соработка со некои произведувачи на мобилни телефони сè уште траат.
Phones with superstrong diamond glass screen coming in 2019 https://t.co/TKFvjR8Jdy pic.twitter.com/MLkMXVcNvF
— CNET (@CNET) February 5, 2018
Основната идеја на новата технологија е да се нанесе дијамантскиот на веќе постоечките “Gorilla Glass” стакла или на слични заштитни стакла.
Благодарение на добрите спроводнички својства, дијамантскиот слој на стакло би овозможил огромна цврстина и непречено користење на екраните на допир.
Она што во моментов претставува најголем проблем е постигнувањето на минимална рефлексивност на нанесениот дијамантски слој.
Штом се надминат овие проблеми, уредите со непробојни екрани би можеле да се појават на пазарот.
Основачот на компанијата “Akhan Semiconductor”, Адам Кан истакнува дека производството на дијамантските екрани е прилично скапо, па затоа непробојното дијамантско стакло најверојатно ќе се најде само на телефоните од премиум класата.
Извор: B92.net