Xiaomi се подготвува да ја претстави новата серија телефони, наречена Civi, а објавата ќе се случи на 27 септември во Кина. Сега компанијата објави нови тизери за смартфоните на страницата Weibo, заедно со главните карактеристики.
Што се однесува до хардверот, телефонот ќе го покренува Snapdragon 778G чипсет, а официјално е потврдена батерија од 4500mAh. Постерите сугерираат најдолг работен век на батеријата на некој од од телефоните на Xiaomi оваа година.
Што се однесува до софтверот, еден од тизерите сугерира три големи ажурирања и тригодишна поддршка за Xiaomi Civi. Тука се и димензиите на уредот, кој ќе има должина од 71,5 мм, дебелина од 6,98 мм и тежина од 166 грама.
На крајот, официјалните тизери и инфографикот укажуваат на постоење филтри за разубавување, а Xiaomi користеше машинско учење за да ги обучи софистицираните невронски мрежи за реконструкција на структурата на лицето на пиксел ниво. Целта на ова е да се зачува и прикаже вистинската текстура на кожата на фотографиите.
Претходно дознавме дека Xiaomi Civi ќе има селфи камера од 32MP, со автофокус. Ќе има и 6.55-инчен FullHD+ 120Hz дисплеј, поддршка за полнење од 55W, 256GB простор за складирање, MIUI 12.5.1 и Dolby Atmos поддршка за стерео звучниците.