Nokia G50 5G телефонот е официјално претставен и има Snapdragon 480 чипсет и 5G конекција во достапен пакет. Корисниците можат да очекуваат две години ажурирање на оперативниот систем и три години безбедносни закрпи на месечно ниво. Телефонот од старт користи Android 11.
G50 5G користи 6,82-инчен LCD екран со 720p+ резолуција и типично осветлување од 450 нита. На задната страна се наоѓа систем со три камери: 48MP главна, 5MP ултраширока и 2MP сензор за длабочина.
Капацитетот на батеријата е 5000mAh, со поддршка за полнење од 18W. Според наводите на HMD, батеријата е способна за два дена употреба, пред да е потребно повторно да се наполни.
Nokia G50 5G има и поддршка за FM радио, 3.5mm порт, Bluetooth 5.0, Wi-Fi 6 и NFC. Достапни се 4GB RAM и 64GB простор за складирање како основа, а има и варијанта од 6/128 GB. За дополнително проширување на складирањето до 512 GB, присутен е слот за microSD картички.
Nokia G50 5G ќе биде достапен од октомври, по почетна цена од 270 евра.