Instagram го оствари она што неодамна го најави и ја укина Swipe-up опцијата во Story објавите.
Instagram доби огромна популарност со копирање од апликацијата Snapchat, која тимот на Facebook ја нарече Story.
Во објавите на Story, особено популарна опција беше Swipe-up, т.е. пристап до содржината зад приказната со влечење и посета на одредена интернет адреса, која сега е укината.
На глобално ниво укинувањето на Swipe-up опцијата на Instagram почнс на 30 август, но промените за корисниците во регионов се видливи последниве неколку денови, во средината на септември, откако апликацијата доби ажурирање.
Повлекувањето нагоре е заменето со стикер, или сликичка или стандарден бел меур на дното на страницата со врска, која ги повикува корисниците да кликнат на неа. Важно е да знаете дека пристапот до врската, наместо Swipe-up може да изгледа различно, во зависност од тоа како сопственикот на профилот, т.е. страниците ќе го направат.
Поврзани артикли