Софтверското решение ISOCELL овозможува карактеристиките на двојната камера да бидат достапни за поширок спектар на паметни телефони
Компанијата Samsung го претстави целосното решение за двојна камера со ISOCELL двојни сензори за слика и дополнителниот софтвер за две популарни функции: рефокусирање (bokeh) и фотографирање при слаба осветленост (Low-Light Shooting – LLS). Ваквите функции на двојната камера досега беа ексклузивни за премиум паметните телефони, а со Samsung ISOCEL двојниот сензор и нивната понуда на дополнителни софтверски алгоритми овие функции се овозможени и кај мобилните уреди со понизок ценовен ранг.
“Двојните камери овозможуваат нови и возбудливи искуства при фотографирањето со мобилните уреди. Сеопфатното решение на Samsung за ISOCELL двојната камера на нашите корисници ќе им го олесни развојниот процес на самиот производ, овозможувајќи доближување на најоптимизираните функции за двојна камера до поширок спектар на потрошувачи.“- изјави Бен К. Хур, Потпретседател на Маркетинг за LSI Системи во Samsung.
Паметните телефони со двојна камера имаат два сензори кои добиваат различни информации за светлината, овозможувајќи нови функции за рефокусирање и фотографирање при слаба осветленост. Со овие придобивки, двојните камери претставуваат тренд во пораст кај премиум мобилните телефони. Меѓутоа, интегрирањето на двојните камери може да биде тежок процес за производителите на оригинална опрема (Original Equipment Manufacturers – OEM), бидејќи бара процес кој одзема време за оптимизација помеѓу производителите и различни добавувачи кои го развиваат софтверот за сензори и алгоритми. Целосното решение на Самсунг за двојната камера ќе го поедностави тој процес и ќе им овозможи на мобилните уреди од основен и среден ранг да ги користат предностите на одредени функции на мобилната камера, најчесто достапни во премиум уредите кои се опремени со дополнителен процесор за сигнал на фотографија.
Со цел побрзо развивање и намалување на потешкотиите при оптимизација кај паметните телефони со двојна камера, Самсунг во рамки на својата понуда го претставува првото во индустријата сеопфатно решение за двојна камера, со сензорски хардвер за ISOCELL двојна камера, како и алгоритам за софтвер со оптимизиран сензор. Ова им овозможува дури и на мобилните уреди од основната и од средната класа да ги користат популарните функции на двојната камера, како рефокусирањето и фотографирањето при слаба осветленст. Со цел поедноставување на имплементацијата од страна на производителите на оригинална опрема, Самсунг го поврзува својот алгоритам за рефокусирање со сет на сензори за слика од 13 мегапиксели (Mp) и 5 мегапиксели, како и алгоритамот за фотографирање при слаба осветленост со сет од два 8 мегапиксели сензори.