Во еден момент, се чинеше дека постоењето на Samsung Galaxy S21 FE телефонот е доведено во прашање, поради глобалниот недостаток на чипови, а подоцна дознавме дека ќе биде достапен само на ограничен број пазари.
Најновите информации укажуваат на поширока достапност на телефонот, но со изненадување дека ќе постојат две верзии на уредот со два различни чипсета – Snapdragon 888 и Exynos 2100.
Exynos варијантата неодамна се појави на Geekbench, а сега официјално е наведена на Google Play Console со Exynos 2100 чип, 8GB RAM и 1080p+ дисплеј.
Според непотврдени извештаи, S21 FE ќе го користи Exynos чипсетот на европските пазари и некои пазари во Азија, додека Северна Америка, Јужна Кореја и Индија ќе ја добијат Snapdragon верзијата.