По успешното лансирање на ракетата Falcon Heavy на компанијата Space X на милијардерот Елон Маск, се огласи и NASA.
Најмоќната ракета Falcon Heavy синоќа успешно го лансираше во вселената автомобилот Tesla Roadster на Маск што некое време ќе лебди околу Земјата, а потоа ќе продолжи кон Марс.
Финансирањето на Falcon Heavy се проценува на 90 милиони долари, а слична ракета која NASA би ја пратила во вселената би чинела околу 1 милијарда долари.
Со оглед на тоа дека ова е огромен успех на најголемата приватна вселенска компанија, многумина се прашуваа како NASA ќе реагира на историскиот подвиг.
Секако дека американската вселенска агенциа ѝ честиташе на компанијата на Маск за успешното лансирање на ракетата, но не заборави да ги истакне и сопствените успеси.
„Сите ние во оваа бранша знаеме колку труд се вложува во првиот лет на секоја нова ракета и го признаваме неверојатното достигнување што денес го посведочивме. Многу сум горд на напорната работа на тимот на NASA, посебно на Кенеди центарот, во доменот на трансформација во вселенско пристаниште за повеќе корисници. Кога го видовме Falcon Heavy како се издига над историската рампа од каде биле лансирани толку многу важни мисии, тоа е вистинското сведоштво за трудот што ја надминува националната инфраструктура, во насока да се помогне индустријата на комерцијални лансирања“, рече администраторот на NASA, Роберт Лајтфут и истакна дека токму NASA ги обезбедила темелите за денешните успеси на Елон Маск.
Извор: B92.net