Toyota долго време се спротивставуваше и не беше дел од играта во која се најдоа веќе речиси сите автомобилски произведувачи.
Посветеноста на другите произведувачи кон електрична транзиција Јапонците не ги засегаше се додека Европската унија не одлучи да им стави крај на бензинските и дизел мотори до 2035 година
Хибридните автомобили на Toyota тогаш ќе станат забранети. Добро е познато дека Toyota има средства и знаење на креира трендови за неколку години а сега тоа изгледа и го прави, пишува Ревија ХАК.
Јапонскиот произведувач во наредните десет години ќе вложи 14 милијарди долари во развој на батерии за електрични автомобили.
До 2025 планира да претстави батерии со цврсти електролити кои би биле голем исчекор а идејата ќе ги преполови трошоците за производство на батерии до крајот на деценијата.
Исто така, Toyota планира да конструира батерии кои и после десет години користење ќе заджат 90 отсто од капацитетот.
Извор: B92.net