Британски научници развиле нов алат со кој ги искористуваат клетките кои ги уништуваат туморите за брза и ефикасна борба против ракот.

Новата студија покажа драматично намалување на туморите кај глувците во споредба со традиционалните методи за клеточна терапија кои ги подобруваат способностите на имуниот систем во борбата против ракот.

Со новиот уред, кој може да се направи со помош на 3Д принтер, научниците од Универзитетот Нортвестерн ги умножија, сортираа и собраа стотици милиони келии, добијајќи 400 отсто повеќе клетки кои уништуваат тумори од досегашните пристапи за лекување.

Повеќето методи за лекување рак вклучуваат отровни хемикалии и страни супстанци па предизвикуваат штетни нуспојави и го слабеат имуносниот одговор на телото.

Користењето на сопствено ткиво и клетки може да се елиминираат нуспојавите и ризикот од отфрлање.

Шана Кели, кој учествувала во истражувањето, вели: „Луѓето се излечени од напреден меланом низ лекување со сопствениот имуносен систем односно неговите клетки, кои се собрани од ткивото на туморот“.

„Проблемот е во тоа што, поради начниот на кој клеттките се собираат, тоа делува само кај мал број пациенти“.

Тие клетки, наречени лимфоцити кои го инфилтрираат туморот, се природни имуносни келии, кои го напаѓаат ткивото на туморот ги ангажираат келиите да борат „гради в гради“, велат научниците.

Според нив, клеточната терапија која денеска се користи во клиниките користи мешавина од истрошени и незрели клетки за лекување на тумори.

Откако ќе се извадат од ткивата, клетките се одгледуваат во лабораторија далеку од пациентот од кој се земени.

До моментот кога се умножуваат и се подготвени за враќање во телото, многу од нив се исцрпени и неспособни да се борат предолго со туморот.

Но, користејќи нова технологија наречена микрофлуидно целење на афинитетите на имфилтрирачките клетки (МАТИК), научниците можат точно да одредат кои клетки се најактивни.

Научниците користеле МАТИк за да пронајдат целна популација на клетки кај глувците кои ги проучувале.

Откриле дека туморите кај животните драматично се намалиле – а кај некои глувци и потполно исчезнале, што довело до големо подобрување на стапката на преживеаност во споредба со традиционалните методи.

„Место на глувците да им дадеме само мешавина од клетки со различни фенотипови, им даваме фенотип од една клетка која всушност може да им помогне“, вели д-р Кели.

„Се воочува многу посилна и многу поголема стапка на одговор кога навистина ќе ја излачите целната реактивност на Т клетките“.

Резултатите од истражувањето објавени се во магазинот „Nature Biomedical Engineering“.