Стапката на хоспитализирани деца и млади до 17 години се зголемила пет пати.
Делта варијантата на коронавирусот не предизвикува потешки случаи на Ковид-19 кај децата и адолесцентите во однос на другите варијанти на вирусот, покажале првите податоци од студијата која во петокот ја објавил американскиот здравствен магазин.
Загриженоста поради последиците од делта варијантата кај младите расте веќе неколку седмици во САД поради растечкиот број на хоспитализирани деца.
Центарот за превенција и контрола на болести (CDC), главната сојузна агенција за јавно здравје во земјата проучувала податоци од хоспитализираните како последица на Ковид-19 во 99 окрузи во 14 сојузни држави.
Агенцијата ги споредувала периодите од почетокот на март до средината на јуни со оние од втората половина на јуни до крајот на јули кога делта варијантата станала доминантна во САД.
Меѓу тие два периоди стапката на хоспитализирани деца и млади до 17 години се зголемила пет пати.
Меѓутоа, процентот на деца и адолесценти кои биле примени во болница поради тежок облик на болеста, на пример примени на интензивна нега, бил сличен како во периодот кога делта варијантата станала доминантна.
Освен тоа студијата покажала и дека вакцините добро ги штитат адолесцентите против делта варијантата поради тоа што процентот на хоспитализирани бил околу десет пати поголем за невакцинираните.
Инаку, во САД децата над 12-годишна возраст можат да ја примат вакцината „Фајзер“.