Samsung во јуни го претстави Galaxy M32 со Helio G80 чипсет, а компанијата сега ја официјализираше 5G варијантата на телефонот – Galaxy M32 5G.
Оваа верзија на телефонот ја покренува Dimensity 720 чипсет, а M32 5G доаѓа во конфигурации од 6GB/128GB и 8GB/128GB и поддржува проширување на меморијата до 1TB преку microSD картичка.
На полето на софтверот се наоѓа One UI 3.1 базиран на Android 11, а корисниците го добиваат и Knox Security пакетот на Samsung и Alt Z модот, што овозможува брзо префрлање помеѓу главниот и приватниот режим.
Galaxy M32 5G има 6,5-инчен HD+ Infinity-V дисплеј, со засек за 13MP селфи камера. На задната страна има 48MP главна камера , 8MP ултраширока, 5MP макро и сензор за длабочина од 2MP.
Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 15W полнење. Исто така, има сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, поддршка за 12 5G опсези и две опции на бои – Slate Black и Sky Blue.
Телефонот во моментов е достапен во Индија, додека достапноста на останатите пазари не е објавена.