Секоја промена на SARS-CoV-2 вирусот прави истиот да биде поинфективен, а предизвикува луѓето да со соочат со уште повеќе агресивен вирус.
Делта варијантата на новиот коронавирус е повеќе заразна од претходните. Досегашните студии утврдија дека се работи за заразност поголема од 40 проценти од алфа варијантата. Низа студии упатуваат на тоа дека причина за поголемата инфективност е мутација на само една аминокиселина.
Пеи Јонг Ши, виролог од Универзитетот во Тексас, со неговиот научен тим утврди која точно мутација би можела да биде причина за поголемата заразност на делта сојот и резултатите ги објави на платформата bioArhiv.
Таа мутација, пишува Nature, менува само една аминокиселина во протеинот и е означена како P681R. Слична промена на секвенца е забележана и претходно на вируси, но досега не е забележана во семејството на коронавируси во кои спаѓа овој вирус.
Клучната промена на секвенцата помага вирусниот спајк протеин побрзо и поефикасно да се процесира со помош на нашите ензими.
Тоа процесирање е клучно бидејќи вирусот може да ги инфицира клетките само кога спајк протеинот ќе „созрее“. Во случајот на делта варијантата, тоа се случува штом вирусот излезе од заразената клетка додека кај другите варијанти тоа процесирање е можно кога вирусот ќе се врзе за рецептор. На некој начин, делта варијантата носи промена која овозможува вирусот да се активира непосредно по продукција, значи веднаш е вооружен со карактеристики кои му овозможуваат да се врзе на рецептор и да ги зарази клетките.
Овие лоши вести покажуваат дека секоја промена на вирусот го прави позаразен и луѓето континуирано да се соочуваат со уште повеќе агресивен вирус.