Компанијата Sony на австралискиот пазар пласираше редизајнирана верзија на конзолата PlayStation 5.
Австралиската гејминг веб-страница Press Start пишува дека редизајнираниот PS5 има нова завртка за сталакот и дека повеќе не е потребен шрафцигер. Sony сега наводно користи нова завртка со зацврстување на врвот, за да може да се прицврсти и прилагоди рачно.
Новиот модел на конзолата е 300 грама полесен од оригиналот, но се уште не е јасно што отстрани или промени Sony за да ја намали тежината. Бројот на новиот модел е CFI-1102A наместо претходниот CFI-1000.
Се чини дека Австралија прва доби редизајниран PS5, а иако за држачот не е потребен шрафцигер, сепак ќе мора да се користи за пристап до опционалниот M.2 SSD слот на конзолата.
Sony планира да понуди SSD меморија што ќе може да се извади, со претстојната софтверска надградба. Надградбата во моментов е достапна за бета-тестерите, а донесува подобрувања на корисничкиот интерфејс, 3Д аудио поддршка за интегрираните ТВ звучници и подобар начин за разликување помеѓу PS4 и PS5 верзиите на игри.