Руската новинска агенција TASS изнесе сериозни обвинувања против астронаутката на НАСА, Серена Ауњон-Чанселор.
Агенцијата наведе дека астронаутката доживеала емотивен слом на Станицата и дека го оштетила руското летало Soyuz во 2018 година. Наводно, тоа го направила за да се врати порано на Земјата.
Од НАСА брзо одговорија во соопштение во кое ја поддржуваат астронаутката:
„Астронаутите на НАСА, вклучително и Серена, се исклучително почитувани и служат на својата земја, давајќи немерлив придонес на агенцијата. Стоиме зад Серена и нејзината професионална работа. Не веруваме дека има кредибилитет во обвинувањата“, гласи пораката на американската вселенска станица.
По овој повод се огласи и администраторот на НАСА, Бил Нелсон:
„Целосно се сложувам со соопштението и во целост ја поддржувам Серена. Секогаш ќе бидеме поддршка за нашите астронаути“, наведе тој во објава на Twitter.
Меѓутоа, во оваа приказна може да има и „нешто“ бидејќи во соопштението е наведено дека „агенцијата нема да зборува за медицинските информации за членовите на екипажот, со цел да ја заштити нивната приватност“.
Тоа би можело да значи дека астронаутката навистина доживеала емотивен слом за што НАСА не сака да зборува, но се поставува прашањето дали е одговорна за штетата на Станицата.