Вакцината Спутник Лајт покажала висока ефикасност во комбинација со вакцините АстраЗенека, Синофарм и Модерна, покажа истражување во Аргентина, објави службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Податоците кои ги добило Министерството за здравство во провинцијата Буенос Аирес покажуваат дека комбинацијата на Спутник Лајт со другите вакцини и вакцинацијата со само две дози од Спутник Лајт е безбедна. Не постојат сериозни нуспојави поврзани со вакцинацијата. Сите комбинации кои се користени во текот на истражувањето се безбедни“, се наведува во соопштението.
Моментно во провинцијата Буенос Аирес анализирани се податоци добиени по вакцинација на 121 доброволец кои ги примиле следните комбинации на вакцина: Спутник Лајт и АстраЗенека, потоа Спутник Лајт и Модерна, Спутник Лајт и Синофарм, како и две дози од Спутник Лајт.
„Рускиот фонд за директни инвестиции им предложил на другите произведувачи партнерство за изведување на заедничко истражување на комбинирана примена на вакцините.
Таквиот пристап има најголема перспектива во борбата против пандемијата, вклучувајќи ги и новите соеви на коронавирусот кои настануваат низ целиот свет“, изјавил директорот на фондот Кирил Дмитријев.
„Вакцината Спутник Лајт може ефикасно да се користи и во комбинација со другите вакцини, што го потврдило истражувањето во Аргентина, но и во други држави“, додал тој.
Извор: Sputniknews.com