По пауза од 36 години, жителите на Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија беа сведоци на редок астрономски феномен – „супер сина крвава месечина“. Станува збор за спојување на три необични лунарни појави: супермесечина, сина месечина и целосно затемнување на месечината.Феноменот не е видлив за жителите на Европа.
Опсерваторијата во Лос Анџелес е претесна да ги прими сите заинтересирани кои што уште рано изутрината поитале да ја следат оваа појава, која што е видлива и со голо око.
Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Според Кели Бити, уредник на списанието „Sky and Telescope“, станува збор за редок астрономски триплет.
Супермесечина се појавува кога месечината е најблиски до земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на месечината.
Порамнувањето на сонцето, месечината и земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД и на Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд во вечерните часови.
Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западниот дел на Азија.