Honor X20 SE беше претставен минатиот месец, а сега во подготовка е новиот телефон X20. Две фотографии од уредот објави дојавувачот Digital Chat Station, кој истакнува дека во Кина се уште постои побарувачка за рамни екрани, поради што Honor нема да имплементира 2.5D закривено стакло во овој модел.
Фотографиите откриваат дека двете предни камери се сместени во издолжен punch-hole отвор во горниот лев агол на екранот. Нема видливо копче за вклучување, што веројатно значи дека се наоѓа под копчето за јачината на звук, а во него е вграден сензор за отпечатоци.
На задната страна се наоѓаат три камери и LED блиц, поставени во квадратен формат во тркалезен модул. Изгледа дека има една голем отвор на блендата и два помали, што значи дека можеме да очекуваме главна камера, сензор за длабочина и портрет сензор.
Honor X20 најверојатно ќе ја продолжи традицијата на X линијата, а тоа се телефони со прифатлива цена со големи екрани и батерии за гледање видеа и интернет.
Поврзани артикли