Google и HTC ја договорија соработката помеѓу двете компании, од која двете страни ќе профитираат на начин кој им одговара. HTC „го продаде“ дизајнерскиот тим на Google, кој подолго време бараше дизајнерски напредок на производите.
Во договорот се вклучени околу 2.000 дизајнери кои до денеска работеа за HTC, а кои од утре ќе бидат дел од една од најголемите светски компании, Google.
Раководството на Google од поодамна бараше нови, свежи дизајнерски решенија за производите на компанијата, па откако соработуваа со дел од овој тим во текот на производството на нивните смартфони Pixel и Pixel 2, тие решија да го купат целиот дизајнерски тим на HTC.
Ова е најголемиот потег кој Google го направи во последните неколку години, посебно кога се работи за хардверскиот дел од нивните производи. Дизајнерскиот тим се очекува да работи на претстојните Pixel телефони, но и на сите останати уреди каде моменталниот дизајнерски тим немаше доволно добри решенија.
Google е и понатаму чекор зад Apple и Samsung, но охрабрувачки е да се видат напорите кои компанијата ги прави со цел да фати приклучок кон „големите ѕверки“ на пазарот.
Извор: Klix.ba