Во официјална објава на Weibo страниците, Honor подели тизер за својот претстоен V7 Pro таблет. Уредот може да и се придружи на Magic3 серијата телефони, кои ќе бидат претставени на 12. август. Истовремено, дојавувачот Digital Chat Station откри дека таблет уредот ќе го покренува се уште необјавениот Dimensity 1300T чипсет на компанијата MediaTek.
Засега ништо не е познато за Dimensity 1300T чипсет, но се очекува дека MediaTek ќе понуди повеќе детали во следните денови.
Тизерот на Honor открива некои карактеристики на уредот. Делува дека V7 Pro ќе има рамни рабови, задна страна од кожа и камера модул на задната страна кој има повеќе од еден сензор. Исто така, тука е и можноста дека ќе постои 5G вафријанта на таблетот, а една од страните има слот за SIM картички.