Подолгиот интервал помеѓу првата и втората доза од вакцината против короноравирусот на „Фајзер“ ќе предизвика имунолошкиот систем да произведе повеќе антитела за борба против инфекцијата, открија британски научници.
Експертите велат дека резултатите од студијата ја поддржува одлуката на Велика Британија да го продолжи интервалот помеѓу двете дози на 12 недели од првично поставените три недели.
„Осум недели се чини дека е најдобриот временски интервал помеѓу примањето на првата и втората доза од вакцината во борбата против делта-сојот“, додаваат тие, пренесува Би-би-си.
Студијата е финансирана од државата.