Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денес ќе патува во вселената со ракетата New Shepard на својата компанија Blue Origin, како дел од екипажот од историскиот суборбитален лет што претставува почеток на новата ера на приватните вселенски патувања.
Американскиот милијардер ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути. Пред девет дена, британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон, беше дел од успешниот лет во вселената на Virgin Galactic.
Брансон прв пристигна во вселената, но Безос ќе одлета подалеку. Безос ќе се издигне на 100 километри од површината на Земјата, додека Брансон се искачи на 86 километри.
На Безос на патувањето ќе му се придружи Воли Фанк, која со 82 години ќе стане најстарата личност што патувала во вселената.
Нив ќе ги придружува холандскиот тинејџер Оливер Даемен, кој ќе стане најмладиот астронаут, а воедно е и првиот патник кој платил за патувањето со Blue Origin.
Четвртиот член на екипажот е Марк, братот на Џеф Безос, финансиер кој управува со семејната фондација „Безос“ и волонтира како пожарникар.
Патувањето ќе се емитува во живо: