„Нема начин тоа да се заобиколи. Достигнувањето на нула јаглеродни емисии до 2050 година значи укинување на продажбата на возила со внатрешно согорување најдоцна до 2035 година“.
Новите детали за електрификацијата на автомобилската индустрија ја вклучуваат веста дека Европската унија планира да забрани продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.
Тоа е документ кој исто така открива дека Европската комисија има намера да ги намали емисиите од нови автомобили и ванови за 65 проценти до 2030 година и конечно да достигне нула емисии пет години подоцна. Овие стандарди ќе вклучуваат правила со кои се бара националните влади да ја зајакнат инфраструктурата за полнење на возила.
Европа има за цел да стане првиот континент во светот со нулта емисија до 2050 година, а пред тоа да се случи, исто така, постави цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти во 2030 од нивото во 1990 година.
„Нема шанси да се заобиколи тоа, достигнувањето на нула до 2050 година значи постепено укинување на продажбата на возила со внатрешно согорување најдоцна до 2035 година“, вели Колин МекКерахер, раководител на напредно истражување на сообраќајот на BloombergNEF. „Ова затегнување на целите на СО2 е огромен поттик за европскиот пазар на EV“, додава Колин МекКерахер.
Франција и Германија се против планот на ЕУ
Француските и германските власти ќе се обидат да го одложат законот, заговарајќи подолг период на постепено укинување.
Имено, неименуван француски службеник од канцеларијата на претседателот Емануел Макрон за медиумите изјави дека француската влада ги поддржува целите за намалување на емисиите за 55 проценти, но и дека има за цел да ги задржи plug-in хибридите на пазарот . Ова е поблаг пристап од усвоениот од ЕУ, односно намалување на емисиите за минимум 65 проценти до 2030 година и конечно достигнување на нула емисии до 2035 година.
Во интервју за германската агенција за медиуми DPA зборуваше и германскиот министер за транспорт, Андреас Шоер.
„Верувам дека сите производители на автомобили и камиони се свесни дека доаѓаат построги спецификации. Но, тие мора да бидат технички изводливи. Треба да има повеќе простор за plug-in хибридите и фокусот кај камионите да се префрли на водородот.
Вистина е дека многу производители на автомобили не се подготвени за големите планови на Европската унија, што би ги направило ефикасните plug-in хибриди бескорисни по 2035 година. Многу од нив планираа да го електрифицираат целиот свој опсег за малку подолг период, а за некои од нив електрификација значи само 48 волтен благ-хибриден систем.