Во текот на изминатата година, Twitter претстави неколку измени кои на корисниците им го олеснуваат изборот на начинот на одговарање на твитовите, како и управување со тоа кој може да одговара на твитовите. Компанијата сега додава нова опција, која му овозможува на корисникот начин да овозможи неговата секција со одговори да биде чиста и пријателска.
Социјалната мрежа сега овозможува да се менува кој може да одговара на твитовите, а тоа е можно дури и кога е објавен твитот. Сè што треба да направите е да се притисне копчето со три точки во горниот десен агол на објавата и да се избере опцијата „Change who can reply“.
Во август минатата година, Twitter им дозволи на корисниците да избираат помеѓу опциите коj можат да одговара на објавените твитови пред да бидат испратени – било кој, само луѓето што ги следи корисникот или оние кои се споменати во твитот. Новата опција им дава на сите уште подобра контрола над дискусијата во секцијата за одговори.
Новата опција е веројатно дел од напорите на социјалната мрежа за „подобрување на поздравата јавна комуникација“, што е главната цел на Twitter, според Џек Дорси, извршен директор на компанијата.
Поврзани артикли