Светската престолнина на луксузот, Дубаи, ќе добие уште еден интересен и уникатен објект – првиот хотел со сопствена дождовна шума.
Отворањето е планирано за оваа 2018 година, а хотелот би требало да се простира на 185.800 квадратни метри и да има и сопствена вештачка плажа.
Луксузното здание, меѓу другото, на 25. кат ќе има базен со стаклено дно, преку кое ќе се обезбеди преглед на улиците на Дубаи од птичја перспектива, како и многу други помошни содржини наменети за максимално уживање на гостите.
Зад проектот Rosemont Five Star Hotel & Residences стои компанијата ZAS Architects, а според нацртот објектот на хотелот ќе има 47 ката. До него ќе има и станбена зграда со иста висина и со околу 280 станови.
Од 185.800 квадратни метри од хотелот, речиси 7.000 ќе бидат прекриени со прашума.
Имено, во зградата и на дел од покривот ќе вирее џунгла со водопади, потоци и сензори за вештачки дожд, со кој ќе се создаде атмосфера слична на онаа во тропските дождовни шуми.
Извор: Макфакс