По турнејата низ Кина, кулата за чистење на смогот од воздухот, дел од Smog Free Project на Studio Roosegaarde, ќе овозможи дишење на чист воздух на друга локација – Полска.
Компанијата на современиот холандски иноватор Дан Роозехарде ќе ја инсталира кулата Smog Free Tower, која студиото ја опишува како „првата правосмукалка за смог во светот“ во паркот Јордана во Краков.
Smog Free Tower ќе почне да го вовлекува смогот од воздухот во паркот од 16 февруари се до 15 април. Посетителите на проектот ќе можат и да го видат прстенот Smog Free Ring во Музејот за современа уметност во Краков. Кулата, која е висока речиси 7 метри, се базира на патентирана технологија за јонизација за да го исчисти воздухот од загадувачи.
Извор: Иновативност