Научниците анализирале податоци од над 37 илјади корисници во текот на десет месеци, а резултатите покажуваат со какви долгорочни проблеми се бореле луѓето кои се заразиле со коронавирусот.
По избивањето на пандемијата на коронавирусот, дел од научниците почнале да ги анализираат податоците од паметните часовници и фитнес алките, па се покажало дека во некои од случаите на уредите можат да препознаат одредени промени во нашето тело кое упатуваат на зараза, па дури и пред да се појават симптомите.
Податоците од часовниците и алките истражувачите продолжиле да ги проучуваат во различни истражувања, а прелиминарните резултати од едно од таквите истражувања, чии податоци биле објавени неодамна, можат да дадат податоци и за т.н. долг Ковид.
Научниците од Институтот Scripps Research во Калифорнија добиле податоци од над 37 илјади кориснички уреди по пат на апликацијата MyDataHelps.
Добиена била голема количина на податоци, па во иднина ќе може да очекуваме нови интересни резултати базирани на анализи на тие податоци кои ќе можат да ни помогнат во борбата со Ковид-19.
Податоците кои биле обработени во ова истражување покажале дека во просек девет дена откако кај заразена личност ќе се појават симптомите, се намалува бројот на отчукувањето на срцето, што не е забележано кај луѓето кои имале проблеми со други болести.
Интересно, потоа тој број на отчукувањето на срцето се зголемил, па се вратил на старо, односно на отчукување на срцето како што било пред заразување со коронавирусот.
Кај 14 отсто од вкупниот број на заразени кои учествувале во истражувањето отчукувањето на срцето се зголемило за дури пет отчукувања во минута во однос на вообичаената работа на срцето во текот на еден до два месеци, а тој број на отчукувања се вратил во нормала по 133 дена.
Исто така во однос на луѓето кои имале долги здравствени проблеми, на луѓето кои биле заразени им требало повеќе време и физичка активност за да се вратат на старо, како и да го вратат квалитетот на спиење и сонот.
Извор: Zimo.hr