Xiaomi веќе некое време работи на камери сместени под екранот, но се уште нема смартфон на пазарот што ги користи. Меѓутоа, тоа наскоро ќе се промени.
Mi 10 Ultra требаше да биде првиот смартфон на Xiaomi со камера под дисплејорт, но тоа не се случи, како ни во случајот на Mi 11 Ultra моделот. Сепак, компанијата сега се подготвува за претставување на Mi Mix 4, кој конечно би требало да добие камера под дисплејот.
Селфи камерата ќе биде целосно невидлива кога не е во функција, но екранот ќе биде ограничен на 1080p+ резолуција. Снабдувач на овој панел ќе биде компанијата Huaxing Optoelectronics.
Xiaomi патентираше екран со четири закривени страни, но Mi Mix 4 ќе има панел со две закривени страни, веројатно за да се намалат трошоците.
Смартфонот ќе биде поскап од моделот Mi 11 Ultra, што значи дека може да се очекува цена поголема од 790 евра.
HoilNDI креираше рендери од задниот дел на уредот, на кој се гледа секундарен екран покрај камерата, поголем од оној на моделот Mi 11 Ultra.