Научниците сметаат дека метеорот кој паднал на земјата поточно на брегот на денешно Мексико, пред 65.000 милиони години, не била главната причина за уништувањето на диносаурусите. Тие сметаат дека нивната пропаст почнала неколку милиони години порано.
Тие веруваат дека за стапката на истребување на диносаурусите придонес имало глобалното ладење на климата за време на доцниот период Креда (пред 100-66 милиони години).
Дополнително, некои видови диносауруси, како што се хадросаурусите, веројатно биле особено успешни во прилагодувањето кон животната средина и еволутивно побројни од други тревопасни животни, што довело до пад на различноста на видовите.
Научната заедница се согласува дека падот на астероидот го нанел последниот удар на ерата на диносаурусите и ги осудил овие животни на истребување. Но, палеонтолозите веќе некое време расправаат за тоа каков бил животот за овие фасцинантни суштества пред падот на метеорот.
Научниците испитале 1.600 фосили на диносауруси, кои припаѓаат на 247 различни видови, за да се процени разновидноста и стапката на истребување за шест семејства диносауруси.
„Ги испитавме шесте најраспространети семејства на диносауруси за време на периодот Креда. Откривме дека тие еволуирале и се ширеле во поголемиот дел од времето од пред 150 до 66 милиони години“, рече еволутивниот биолог Фабиен Кондамин од институтот Des Sciences de l’Evolution de Montpellie во Франција.
„Но, забележавме голем пад пред 76 милиони години. Нивната стапка на истребување се зголемила, а во некои случаи и стапката на создавање на нови видови“, додал тој.
„Ние веруваме дека постојат два главни фактори кои придонесоа за истребување на диносаурусите. Првиот е дека климата станала постудена што го отежнувало животот на диносаурусите навикнати да живеат на потопли температури. Тогаш системите станале понестабилни поради исчезнувањето на тревојадите. Откривме и дека диносаурусите кои имале подолг животен век биле склони кон истребување, веројатно затоа што не можеле да се прилагодат на новите услови на Земјата“, вели тој.
Историскиот удар на астероидот го создал кратерот Chicxulub во Мексико со дијаметар од скоро 200 километри, ослободувајќи гасови што ја смениле климата на целата планета; што на крајот предизвикало смрт на три четвртини од живите суштества од тоа време, пишува CNN.
Студијата Dinosaur biodiversity declined well before the asteroid impact, influenced by ecological and environmental pressure е објавена во списанието Nature Communications.
Поврзани артикли