Xiaomi е еден од производителите што веќе неколку пати демонстрираше телефон со предна камера под екранот. Компанијата истакнува дека овој сензор сега е во верзија 3.0, но досега се уште не сме имале можност да видиме телефон на компанијата на пазарот, кој има ваков дизајн.
Кинескиот производител, во меѓувреме, истражува и други можности за имплементација на предната камера под екранот, а еден од нив е и сместување на сензорот во рамката на телефонот.
Xiaomi на 2. јуни доби патент за „камера сензор под дисплејот на мобилниот терминал, поврзан со предната страна на предавателот на светлината“, како што е наведено во описот на ова патентно решение. Во овој случај, селфи камерата е интегрирана во/под рамката околу екранот.
Транспарентната област се користи за обработка на светлото кое поминубва низ дисплејот, преку проѕирниот елемент со леќата на камерата. Оптичките влакна за користат за елементот што го спроведува светлото, а алтернативно може да се користи и призма.
Јасна предност на ваквиот систем е тоа што екранот останува непрекинат – нема засек, ниту отвор за камерата. Покрај тоа, се очекува дека ваквата технологија би била поевтина од punch-hole камерата.
Засега не е познато кој телефон прв би бил опремен со ваква технологија на камера под дисплејот, доколку Xiaomi воопшто се одлучи своето патентно решение да го комерцијализира во иднина.