Лицата кои поради Ковид-19 го загубиле осетот за мирис, можат да очекуваат дека ќе им за врати во период од неколку месеци, покажува француска студија.
Кај 49 од 51 испитаници, сетилото за мирис се вратило во рок од осум месеци, но двајца луѓе и по една гоидна имале проблеми со мирисот.
Истражувачите ова го опишаа како извонредна прогноза.
Студијата ја водела Мерион Рено од Универзитетот болници во Стразбург, а пред неколку дена ја објави Jama Open Network.
Истражувачкиот тим откри дека чувството за мирис во целост се вратил кај околу 84 проценти од испитаниците по само четири месеци.
По период од 12 месеци, околу 96 проценти од испитаниците повторно го здобиле. Сите заболени на почетокот го изгубиле сетилото за мирис на повеќе од седум дена.