Практично, јодот е незаменлив како антибактериско и антивирусно средство.
Заштитата која вакцината ќе ја даде кај секој поединец е пропорционална во јачината на имунитетот. Секој организам по вакцинација произведува антитела.
Освен правилна исхрана, богата со овошје и зеленчук, физичка активност, квалитетен сон и позитивно расположение, многу е важно внесувањето на неопходна количина витамини, минерали и други елементи кои се пресудни за имунитетот, а воедно и за ефектот од вакцината.
Таквиот внес е многу покорисен отколку да користите суплементи. Истовремено, за моќта на имуниот систем да ја сочувате за борбата против Ковид-19, би било дoбро да се ослободите од останатите инфекции.
Бројни истражувања докажуваат дека микроелементот јод, практично е незаменлив како ефикасно антибактериско и антивирусно средство.
Истражување на доктор Дејвид Дери публикувано во стручен магазин, нагласува дека улогата на јодот е доминантна во јакнењето на имуниот систем, особено во борбата против инфекции и Ковид-19.
Покрај познатиот факт дека јодот ги елиминира сите патогени, вклучувајќи и деактивирање на вируси во телото, но и на кожата, тој исто така има голем придонес во јакнењето на организмот, а неговата најважна улога е т.н. апоптоза, програмирано уништување на заразените клетки.
Поради тоа сега е вистински момент да го зајакнеме нашиот имунитет и да го сочуваме имуниот систем со внесување на доволна количина јод во него.