Сателитската мрежа Starlink, која е сопственост на SpaceX е подготвена да обезбеди глобална интернет покриеност во септември оваа година.
Сепак, компанијата на Eлон Маск појаснува дека за ова ќе биде потребно одобрување на регулаторите во одделни земји.
Претседателот на SpaceX, Гвин Шотвел, изјави дека компанијата веќе има околу 1.800 оперативни сателити и кога сите ќе ја достигнат својата оптимална орбита, ќе можат да обезбедат пристап до интернет насекаде во светот.
Starlink планира да лансира вкупно 12.000 сателити во орбитата, со вкупна вредност од околу 10 милијарди долари. Компанијата во моментов нуди бета верзија на своите услуги во 11 земји низ целиот свет.
Во мај, основачот на SpaceX, Eлон Маск, рече дека сателитската мрежа веќе добила повеќе од половина милион пред-нарачки за интернет услуги. Тој беше категоричен дека не очекува никакви технички проблеми во исполнувањето на побарувачката.
Во Соединетите држави, Федералната комисија за комуникации ги одобри плановите на Starlink за лансирање сателити со ниска орбита околу Земјата. Нивната цел е да обезбедат широкопојасен пристап до интернет во региони кои во моментот немаат.
Starlink не е единствената компанија што работи во оваа насока. Amazon развива своја сателитска мрежа Kuiper, слични проекти имаат британскиот OneWeb и американскиот Raytheon, кој работи на неговата сателитска мрежа Blue Canyon Technologies.
Извор: Klix.ba