Се сугерира дека Motorola ја подготвува следната серија на телефони Motorola Edge, а кодните имиња на новите уреди се Motorola Edge Berlin, Motorola Edge Berlin NA, Motorola Edge Kyoto и Motorola Edge Pstar.
Според извештајот на Techniknews, Motorola Edge Berlin има два модела – европска верзија и модел за Северна Америка. Телефонот треба да користи Qualcomm Snapdragon 778G чипсет, со 6 GB и 8 GB RAM меморија, како и 128 GB и 256 GB простор за складирање. Може да биде достапен во Emerald, Stout, и бела варијанта. За европскиот модел се очекуваат 108MP + 16MP + 8MP камери и за американскиот модел 108MP + 8MP + 2MP, а има и селфи камера од 32MP.
Се верува дека Motorola Edge Pstar ќе пристигне со Snapdragon 865 или Snapdragon 870 SoC, како и X55 5G модем. Телефонот може да се нуди во црна, сина и бела боја. Се очекуваат и 6 GB, 8 GB или 12 GB RAM меморија и 128GB или 256 GB простор за складирање. Системот на камери би требало да биде ист како Берлин моделот, освен што може да има селфи камера од 16MP или 32MP од предната страна.
Конечно, Motorola Edge Kyoto може да биде најевтиниот модел во серијата, и се очекува со главна камера од 108MP, како и дополнителни 8MP + 2MP сензори и селфи камера од 32MP.