Huawei е уште еден технолошки гигант кој влегува во автомобилскиот свет.
Во следните години, Кинезите имаат намера да развиваат системи за автономно возење. Ако сè оди според планот, најдоцна до 2025 година ќе ги видиме првите примероци без возачи на патиштата.
Apple, Google и Xiaomi не се единствените технолошки брендови кои инвестираат во автомобилската индустрија. На оваа група и се придружува и Huawei, кој неодамна обезбеди мултимедија за некои кинески производители и има намера да го прошири својот бизнис со технологии за автономно возење.
На неодамнешната индустриска конференција, шефот на одделот за паметни возила на Huawei, Ванг Јун ги претстави своите амбициозни планови за развој на брендот во автомобилскиот свет.
„Целта на нашиот тим е навистина патнички автомобил без возач во 2025 година“, вели Јун, но не прецизира дали е тоа сопствено возило или своја технологија која ќе се користи во автомобили на друга марка. Втората опција изгледа поверојатно.
Во април 2021 година, Huawei се пофали дека има намера да инвестира повеќе од 1 милијарда долари во развој на електромобилноста во партнерство со BAIC, Chongqing Changan Automobile Co. и Guangzhou Automobile Group Co. Овие компании веројатно ќе бидат и првите приматели на Huawei решенијата за автономно возење.
Според најавите, системите на Huawei ќе овозможуваат да поминете до 1000 километри без интервенција на возачот. Дефинитивно храбро, особено што за спроведување, покрај сигурен хардвер и софтвер, потребна е и соодветна инфраструктура. Како ќе изгледа сето тоа? Ќе дознаеме најдоцна за 4 години.
Извор: Додај Гас