Откако OnePlus минатата недела го објави OnePlus Nord CE 5G за Европа и Индија, гласините сега сугерираат дека компанијата планира да го претстави и OnePlus Nord N200 5G во текот на јуни. Пит Лау, Извршен директор на OnePlus, истакна дека ова ќе биде најдостапниот 5G телефон на компанијата.
Сега дојавувачот Еван Блас (@evleaks) овозможува увид во спецификациите, но и дизајнот на N200 5G телефонот. Тој истакнува дека OnePlus Nord N200 5G ќе има 6.49-инчен IPS LCD екран, со FHD+ резолуција (1080 x 2400p), 20:9 однос на страници, 90Hz освежување и 450ppi.
Дисплејот има punch-hole отвор со 16MP селфи камера, додека на задната страна се наоѓа систем со 13MP главна камера, 2MP макро сензор, 2MP монохромна камера и LED блиц. Оперативниот систем ќе биде Android 11 со OxygenOS UI.
Nord N200 5G ќе го покренува Snapdragon 480 чипсет, со 4GB LPDDR4x RAM и 64GB проширлив UFS 2.1 простор за складирање. Ќе го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 18W брзо полнење.
Гласините сугерираат дека Nord N200 5G ќе чини околу 250 долари и би можел да биде претставен веќе на 15. јуни, но ништо официјално се уште не е познато.