Што се однесува до автономниот систем TuSimple, тој е оптимизиран за возење по автопат
Задачата била пренесување на товар лубеници од Аризона до Оклахома. Компанијата задолжена за транспорт со автономен камион била TuSimple, фокусирана на технологијата без возач за камиони. Осумдесет проценти од патувањето, или 1.528 километри, камионот бил управуван од автономен систем, а со човек зад воланот за време на другите 20 проценти од теренскиот пат и подготвен да ја преземе контролата ако технологијата откаже послушност.
Возачите мора редовно да одмараат не само поради пауза за храна и тоалет, туку и затоа што тоа е пропишано со закон. Како резултат, патувањето со автономниот камион траело приближно 10 часа помалку отколку со возач-човек зад воланот.
Времето е најважно за испорака на свежа стока, како во овој случај со товарот од лубеници. TuSimple тврди дека со побрз превоз, приходите ќе се зголемат за сите, и за земјоделците, и за трговците, и за купувачите кои би купувале посвежа стока.
Сепак, постои едно прашање на кое сè уште нема одговор. Ако самовозечките камиони можат да работат постојано без никакви паузи, но и понатаму бараат присуство на лице за во итен случај – зарем не треба и тие да одмараат?
Што се однесува до автономниот систем TuSimple, тој е оптимизиран за возење по автопат. Компанијата веќе има дваесетина клиенти кои се потпираат на нешто технолошки поедноставни полуавтономни камиони.
Извор: Додај Гас