Американскиот гигант Ford Motor Company најави дека ќе вложи дури 11 милијарди долари во сегментот на електричните автомобили во наредните пет години.
Претседателот на компанијата Бил Форд изјави дека компанијата ќе има 40 хибридни и во потполност електрични возила до 2022 година.
Земјите ширум светот вршат притисок на произведувачите на автомобили да се намали емисијата на јаглерод.
Компаниите General Motors, Toyota и Volkswagen веќе ги најавија своите амбициозни планови за производство на голем број на електрични автомобили.
Зборувајќи на саемот на автомобили во Детроит, Форд рече дека пазарот во иднина ќе биде на електрификација на постоечките Ford модели.
Тој додаде дека компанијата до 2022 година ќе понуди 16 во потполност електрични возила и 24 хибриди.
Извор: B92.net