Годинашната Samsung Galaxy S линија исто така ќе добие Fan Edition верзија, а веќе се појавија и првите рендери на овој уред.
Се очекува дека производството Galaxy S21 FE ќе почне за два месеци, а сега се познати и уште некои детали.
Смартфонот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 888 процесор во комбинација со 6GB RAM, а ќе го користи оперативниот систем Android 11.
Се работи всушност за нешто послаба верзија на Galaxy S21, која ќе добие 6,4-инчен екран, пластичен заден панел, а задните камери нема да бидат дел од дизајнот на рамките, како што е тоа случај со останатите модели од S21 серијата.
Изворите велат дека ќе биде претставен заедно со Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3 во август, но е можно да добие и засебен настан.
Поврзани артикли