Според тврдењата на инсајдерите, завршува партнерството помеѓу компаниите Leica и Huawei, поради што германската компанија бара нов партнер кој произведува паметни телефони.
Huawei P серијата смартфони наводно ќе бидат последните уреди со логото на Leica, а оваа информација пристигна од познат типстер од Twitter.
Тој додаде дека Leica бара нов партнер што произведува телефони, а три најсериозни кандидати се Xiaomi, Honor и Sharp.
Неексклузивниот договор е многу возможен, а партнерствата Nokia-Zeiss и Sony-Zeiss се вистински примери.
Малку е тажно да се слушне дека Huawei и Leica ја прекинуваат соработката, бидејќи заедно развија одлични камери за смартфони во изминатите неколку години. Можно е дека санкциите против Huawei резултираа со ваков расплет.