Британската пошта Royal Mail почна да тестира дронови за достава.
Royal Mail тргна по стапките на Swiss Post и другите компании кои тестираат дронови за достава. Британската пошта го најави проектот за доста на пратки на оддалечени острови, вклучувајќи лична заштитна опрема, опреман за тестирање на коронавирус и различни пратки, со помош на автономните дронови.
Проектот се реализира со поддршка на владата, а дронот ќе лета кон островите Scilly на југозападот на Англија. Овој дрон со два мотора може да носи товар до 100 кг различни големини и облици, а потоа пратките понатаму ќе ги разнесува помал дрон со можност за вертикално полетување и слетување.
Дроновите ќе летаат целосно самостојно на своето патување долго околу 112 километри. Тестирањето ќе трае еден месец и ќе се спроведува во соработка со група партнери кои го претставуваат Универзитетот во Саутемптон и компаниите Windracers, Skysports и Consortiq, кои се занимаваат со дронови.
Royal Mail ја објави првата достава со дрон во декември минатата година, кога испрати пратка до светилникот на островот Мул во Шкотска. Ако новиот експеримент биде успешен, Royal Mail ќе ги прошири своите операции.
Сепак, неуспехот би можел да биде скап, а тоа го покажува и случајот од Русија, каде дронот во текот на првиот лет удри во зграда во 2018. година. Цената на дронот изнесуваше 20.000 долари.